Турска туристичка агенција нуди вакцина екскурзија во Србија/ФОТО

100
Фото: Twitter Soner Cagaptay

Туристичка компанија од Турција во својата понуда од неодамна понуди туристички патувања во Србија, во рамките на кои, наводно, по посетата на културните знаменитости на Белград, може да се добие и вакцина против коронавирусот.

Сонер Кагаптај, историчар и директор на турската истражувачка програмана Вашингтонскиот институт, објави еден ваков промотивен леток на својот профил на Твитер.

Во рекламата на туристичката агенција стои дека турските граѓани можат да одат во Србија без виза. Покрај стандардните информации од понудата во врска со сместувањето и туристичките активности, се наведува дека е можно да се добие првата доза од вакцината ФајзерБионтек во периодот од 23 до 25 април, додека ревакцинацијата е закажана за периодот од 14 до 16 мај.

Цената на аранжманот, како што е наведено во огласот, е 799 евра, пренесува Кликс.ба.