Младата турска скијачка Сила Кара (19) му го спаси животот на 12 – годишно момче за време на нејзиниот тренинг во словенечкиот ски центар Крвавец, соопшти Скијачката федерација на Турција.

Наиме, словенечкото момче седело до Сила на ски лифтот и во еден момент ја загубило рамнотежата и почнало да паѓа. Младата турцинка во последен момент успеала да го фати и потоа 15. минути да го држи додека тој висел во воздух. Скијачката го држела момчето додека не дошле припадниците на скијачката патрола да го преземат.

Словенечката полиција на Сила, која била меѓу натпреварувачите во велеслалом, ја одликовала со медал за храброст, кој и бил даде на аеродсромот при нејзиното заминување.

-Ги фрлив скијачките стапови и со устата си ги соблеков ракавиците. Детето плачеше и ми велеше да го држам цврсто. По 15 минути дојдоа скијачки патроли и персонал на Ски-центарот, па го пуштив момчето да падне врз веќе поставената со сигурносна мрежа. Шефот на словенечката полиција и полицајците ми врачија признание на аеродромот пред враќање, изјавила Сила Кара и додаде дека должност и била да спаси човечки живот и дека е многу среќна што ог направила тоа.