Турската пејачка Мелек Мосо си ја пресече косата – ги поддржа Иранките

101

Протестите во Иран продолжуваат, а сè повеќе жени се приклучуваат по смртта на 22-годишната Махса Амини која беше ликвидирана од полицијата.

Турската пејачка Мелек Мосо реши сред својот концертен настап да ја скрати косата во знак на поддршка на Иранките. На Твитер веднаш пристигнаа голем број реакции во знак на благодарност за поддршката од оваа популарна пејачка.