Откако неодамна се  онесвестила на сетот, харизматичната турска актерка Hеслихан Атагул, не можеше повеќе да ја крие својата болест. Таа до своите обожаватели упати  проштална порака која растажи многумина. П Турската актерка, попозната како Нихан од серијата „Бесконечна љубов“, каде што нејзин партнер беше Бурак Оџивит – нашиот омилен Бали бег, го напушти снимањето на серијата „Ќерката на амбасадорот “ по немилиот настан кој беше резултат на болест.

Имено, актерката се онесвести на самиот сет, каде што телото и рече – не може понатаму. Веќе некое време таа има проблеми со дебелото црево, но успешно го потиснува и беше посветена на работата. Но, нејзините обожаватели забележаа и дека нешто се случува  откако видливо ги ослабна, а овој пат нејзините препознатливи темни кругови не можеа да се сокријат ниту со шминка.

По инцидентот на сетот, беше речено дека Несли ќе земе десет дена одмор, сепак, на 18 јануари 2021 година, актерката одговори на својот Инстаграм профил. Таа испрати проштална порака. Во која се прости од улогата на Нара, која длабоко ја чувствуваше и на која и се предаде. Иако ја толерираше ситуацијата, телото не сакаше да ја толерира, а сега и треба одмор. Таа исто така се заблагодари на целиот тим на серијата, како и на фановите и рече дека се надева дека наскоро ќе се видиме во нов проект.