ТУРИСТИЧКА АТРАКЦИЈА:Патување на 40 метри под вода во кинеската Атлантида

92

 

Светот полека се враќа во живот. Државите ги отвораат вратите за туристите кои бараат одмор, релаксација и авантура, особено по повеќе од една година живот во услови на социјална дистанца. Оние што биле во Кина велат дека вистинско незаборавно доживување носат од Ши Ченг, од атракцијата за нуркачи достапна за посетители од април до ноември. Освен тоа има и подморница за туристи со која можете да се нурнете 23 метри под вода. Кога во 2001 година Кинеската влада организираше експедиција во градот кој беше потопен за да се направи вештачко езеро беше откриено дека многу храмови и згради останале недопрени.

За што станува збор?

Туристичката атракција, кинескиот град Ши Ченг, беше поплавен во 1959 година поради изградба на хидроцентрала. Овој антички град кој лежи под вода денес е познат и како Град на лавовите. Сместен е во подножјето на планината Ву Ши (планина од пет лава). Изграден е во време кога со Кина управувала династијата Ханкоја, која владеела од 25 до 200 г. н.е., и била важен културен, политички и економски центар на земјата. Градот со векови ги менувал владетелите, а архитектурата станувала сè побогата и побогата.

И покрај тоа што бил под вода долги години, Ши Ченг останал исклучително добро зачуван. Водата го штитела од ветер, дожд и сонце.

Градот беше „откриен повторно“ во 2001 година кога кинеската влада организираше експедиција за да види што останало од изгубената метропола. Во следните години имало бројни истражувања, при што биле откриени надворешните градски sидини, пет влезни порти и 265 заоблени премини. Откриени се утврдени антички квартови и населби кои Кинезите ги нарекувале со едно име – паифанг. Зачуваните градби се претежно претставници на традиционалната кинеска конструкција од времето на династиите Минг и Кинг, кои владееле од крајот на 14-ти до работниот 20-ти век.

Оваа енигматична „временска капсула“ е украсена со лавиринт на белите храмови, спомен-сводовите со разни скулптури од лавови до елени, фенхуанг (азиска варијанта на феникс) до чилин (митско кинеско суштество со рогови) и дрвени греди и скали, а сочувани се асфалтирани патишта и историски натписи.

Сега, дури 1.078 острови се расфрлани на кристално чистата вода на езерото Киандао, а античкиот град е скриен на дното на езерото. Тогаш биле преместени околу 300.000 луѓе, а градот постепено тонел. Некогаш културен, економски и политички центар на провинцијата Зеџијанг, а денес е на околу 40 метри под водата на езерото Киандао.

Светот и авантуристите го нарекуваат кинеска Атлантида, возбудлив и неповторлив за истражување. Тој е на мапата на сите светски туристички агенции, а тие што сакаат неповторливо доживување – за нив градот под вода е почетна дестинација и вистинска авантура.