Тупанчевски за Трилинг: Нема да поднесам оставка, не го прекршив етичкиот кодекс!

83

Не чуствувам потреба дека треба да поднесам оставка, бидејќи не е прекршен етичкиот кодекс поради тоа што сум патувал и сум го следел фудбалскиот натпревар Македонија – Италија. Патувањето не беше во рамките на моите службени должности. Точно е дека летав со авионот на Фудбалската федерација, но авионскиот билет и влезницата за мечот во Палермо сам си го платив“ вели во интервју за утрешен Трилинг, министерот за правда – Никола Тупанчевски, стои во објавата на фејсбук страницата на Трилинг.

Антикорупциската комисија слободно нека го истражува случајот, а јас ќе ги приложам сите сметки и извршени трансакции таму каде што треба, дециден е министерот за правда.