„Пријатели, слаби сме, но немојте да не потценуваше, можеме и ние да изненадиме“ вака гласеше пораката пред почетокот на Африканскиот куп на нации од страна на предводникот на најголемото изненадување на натпреварувањето, селекцијата на Мадагаскар, Николас Дупуа.

Никогаш претходно оваа репрезентација не играла на Африканскиот куп, а самиот пласман бил голем успех. Ниту во најлудиот сон никој не би замислил дека на овие анонимни фудбалери може тоа да им се случи, односно дека ќе можат да ја совладаат големата Нигерија, да бидат први во групата, потоа да го елиминираат Конго и да влезат меѓу осумте најдобри во Африка. Но, за жал нивната бајка заврши, откако во 1/4 финалето беа елиминирани од Тунис со 3:0

  • Луѓето не разбираат во какви услови ние работиме и што ни претставува ова на нас, истакна селекторот Дупоа, кој во фудбалскиот свет е анонимец, додека во играчката кариера успеа да стигне само до шестата француска лига.

Условите во кои Мадагаскар се подготвувал за ова натпрварување ги опиша еден француски новинар, кој бил во посета на овие играчи.

  • Хотелот се средуваше, од надвор на ништо не личеше, а на патот до собата мораше да прескокнеме електрични кабли за да избегнеме некоја несакана повреда. Кога дојдовме на рецепција, покрај нас поминаа десетина кокошки, напиша шокираниот Французин.

Ситуацијата на Мадагаскар е катастрофална. Иако фудбалот е најпопуларен спорт, инфраструктура не постои. Лигата им е во очајна состојба, а не се знае ниту кои клубови во неа учествуваат. Некои ја стартуваат сезоната, па потоа се откажуваат, додека други се вклучуваат.

Поради тоа, замислете каков е овој успех за нив. Можете само да помислите какво било славењето во Антананариво (главен град на Мадагаскар) по големите победи на нивните миленици.

За тоа каква е финансиската ситуација најдобро говори фактот дека водичот на  навивачката група како награда за успехот кој го остварија им дал 200 евра за да ги поделат меѓу себе.

  • Играчите сите на Мадагаскар ги направија горди, овој народ никогаш вака не се радувал, заврши Дупоа.