Тужба за популарната игра која предизвикува зависност како кокаин

235

Родители на момчиња на возраст од 10 и 15 години одлучиле да ја тужат компанијата „Епик гејмс“ поради најпопуларната игра „Фортнајт“ бидејќи предизвикува зависност.

Адвокатската канцеларија „Калекс легал“ од Монтреал, која ги застапува момчињата, ја споредува играта „Фортнајт“ со кокаин и наведува дека поттикнува лачење на допамин во мозокот кај ранливи млади луѓе кои затоа стануваат зависни од играта, пренесува Си-Би-Си.

Адвокатот Алесандра Еспосито Чартланд смета дека има доволно докази за отворање на случајот. Ги повикала родителите кои го мислат истото да се придружат.

Барањето за одобрување колективна тужба против „Епик гејмс“ е предадено на судот во Монтреал, а се потпира на случајот од Врховниот суд на Квебек во 2015 година во кој била донесена пресуда дека компаниите за тутун се виновни бидејќи не ги предупредлиле своите потрошувачи за опасноста од пушењето.

Според зборовите на адвокатската канцеларија „Чартланд“, „Епик гејмс“, со помош на тим психолози, ја направила играта опасно зависна за играчите и таква ја пласирале на пазарот, со цел да привлечат што е можно повеќе деца. Кога нешто предизвикува зависност, должност е на компанијата да ги извести за тоа корисниците, што во оваа компанија наводно пропуштиле да го сторат.
Така, родителите кои одлучиле да ја тужат „Фортнајт“ никогаш би им дозволиле на своите деца да играа да знаеле за можните последици, односно дека предизвикува независност.

Во условите за користење на кои се согласиле сите играчи на „Фортнајт“, „Епик гејмс“ се обидела делумно да се заштити од пристигнатите обвинувања, ама во „Калекс легал“ сметаат дека во Квебек тоа нема да значи ништо поради законот кој ги обврзува комапниите да ги известуваат корисниците за потенцијалните ризици од нивните производи. Од „Епик гејмс“ уште не се огласиле за случајот.

Можно е вакви тужби да се појават и во други делови од светот. За тоа време, „Фортнајт бетл ројал“ е бесплатен и понатаму и е една од најпопуларните игри на светот, со повеќе од 125 милиони играчи.