Сведоштво на едно време спасено од заборавот:„Точка на интерес“ – изложба на фотографии од Живко Јаневски во КИЦ/ФОТОГАЛЕРИЈА

158

Во Културно информативниот центар – Скопје од вечерва е отворена изложбата на фотографии од фоторепортерот и доајен на македонската фотографија Живко Јаневски  (1940-2000) насловена „Точки на интерес“.

Фото:Ѕ.Плавевски

На изложбата се претставени 110 дигитално испечатени фотографии. Станува збор за истражувачки проект од 2020 година во Музејот на Град Скопје на Одделот за современа фотографија и филмски материјал.

Фотографиите на Јаневски се визуелен документ на времето кога се осамостојуваше Републиката. Во овие фотографски записи снимени во почеток на деведесетите години на минатиот век е документирано времето на големите опшествени промени во Македонија, вели Станко Неделковски, кустос во Музејот на Град Скопје, кој ја уреди изложбата „Живко Јаневски – Точки на интерес“.