TTK Банка АД Скопје овозможи пензијата за месец март да биде на располагање почнувајќи од 26 март 2020 година, четврток, за сите пензионери кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје.

Во услови на засилени мерки за спречување на ширењето на корона вирусот (Covid-19), кога е потребно да се намали подигањето и употребата на готовината, ТТК Банка АД Скопјепрепорачувакористењето на пензиите да се реализира со Visa картичките на ТТК Банка АД Скопје со можност за бесконтактно плаќање и плаќање преку интернет како и преку услугите и поволностите на електронското и мобилно банкарство со 24/7 бесплатен пристап и увид во трансакциската сметка и без трошоци за денарски трансакции  до 30.4.2020 година!

При неодложна потреба за готовина, подигнувањето на пензијата приоритетно да се изврши преку мрежата банкомати на ТТК Банка АД Скопје 24/7, така што при користењето на банкоматите да се внимава да се применуваат сите заштитни мерки против ширењето на вирусот.

Подигнувањето на пензијата преку шалтер ќе може да се реализира секој работен ден, од понеделник до петок, во сите експозитури, почнувајќи од 8 часот. Во овој случај на неопходна посета на експозитура Банката апелира да се почитуваат правилата за влез во согласност со препораките на Владата, според кои влезот ќе биде ограничен и дозволен за број на лица соодветен на бројот на благајните во експозитурата, применувајќи го истовремено правилото за меѓусебно растојание од најмалку 2 метри во редот и помеѓу редовите во експозитурата.