Трудо оствари средба со лидерите на индијанците: Длабоко жалам за жртвите во интернатите

45

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска се сретна со лидерите на индијанците, откако на Денот на одавање почит на жртвите во училиштата, одлучи да замине на одмор.

Би-Би-Си пренесе дека неговата одлука да ги прескокне формалните настани на првиот Национален ден на вистината и помирувањето наиде на големи критики во јавноста. На овој ден, им се оддава почит на индијанските деца кои биле принудени да се асимилираат во резиденцијалните државни училишта.

Трудо вчера ги посети членовите на домородната заедница, изразувајќи длабоко жалење за неговите постапки.

-Денеска сум овде за да кажам дека би сакал да бев тука пред неколку недели и длабоко ми е жал за тоа, рече Трудо.

Домородната заедница, која се наоѓа во близина на поранешното државно училиште „Камлупс“ во Британска Колумбија, каде во мај беа откриени необележани гробови на 215 деца, двапати го покани Трудо да присуствува на комеморацијата на 30 септември.

Писмата останаа без одговор, а премиерот Трудо, откако прво кажа дека ќе има приватни состаноци во Отава, е снимен со своето семејство на плажа во Тофино.