Македонскиот музичар Џамбо Агушев учествувал во изработката на музиката за филмското остварување „Окја“ на Бонг Џун Хо, режисер и на филмот „Паразит“, кој годинава стана првиот странски филм добитник на четири Оскари, меѓу кои и за најдобар филм. “Паразит“ го победи македонскиот документарец “Медена земја“ во категоријата интернационален филм, а доби престижна статуетка и за оригинално сценарио и режија.

Во филмот „Окја“ може да се слушнат звуците на трубата на Агушев, кој на социјалните мрежи тогаш напишал: “Чувството да бидеш дел од филм надвор од државата е неверојатно и сон за секој музичар. Филмот беше презентиран во Кан – Франција и присутните беа задоволни, судејќи по аплаузот. Тоа е гордост за мене и мојот оркестар ‘Џамбо Агушеви’, но и за Македонија што ја презентираме на највисоко можно ниво. Се надевам дека државата ќе се сети на нас, барем да ни се заблагодари за ваквиот успех“.