Тројца кинески астронаути СЕ ВРАТИЈА НА ЗЕМЈАТА по шестмесечна мисија во вселената

48

Тројца кинески астронаути денеска слетаа во пустината Гоби откако шест месеци работеа на изградбата на вселенската станица Тиангонг, јави денеска централната државна телевизија.

Капсулата со командантот Чен Донг и астронаутите Лиу Јанг и Каи Ксуже слета во пустината во северна Кина околу 20 часот (12:10 часот по Гринич).

Тројцата астронаути беа дел од мисијата што се упати во вселената во капсулата Шенжу 14 во јуни за да додаде два модула на вселенската станица.

Тиангонг (Небесна палата) е дел од официјалните планови на Кина за постојано човечко присуство во орбитата.

Во 2003 година, Кина стана третата земја која самостојно лансираше астронаут во вселената, по поранешниот Советски Сојуз и САД.

Тиангонг е третата кинеска вселенска станица. Претходните беа лансирани во 2011 и 2016 година.

Новиот екипаж од тројца други кинески астронаути отиде во вселената во вторникот за да ја изврши последната фаза од изградбата на Тиангонг.