Тројца загинати во превртениот чамец со мигранти во кај грчкиот остров Миконос

46

Безживотните тела на три лица се извлечени во спасувачката акција во морскиот дел североисточно од грчкиот остров Миконос, откако се превртил чамец со мигранти, додека пак спасени се двајца, јави дописничката на МИА од Атина.

Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека во морскиот дел биле откриени телата на две жени и еден маж, а спасувачката акција продолжува.

Портпаролот на грчката крајбрежна служба Никос Кокалос, како што претходно објави МИА, за државната телевизија ЕРТ рече дека од 6.30 часот утрово во тек е спасувачка акција во морскиот дел во близина на Миконос, а се интервенира од воздух, копно и вода, за евентуално пронаоѓање на исчезнатите.

Двајцата спасени изјавиле дека со нив се пренесувале уште шест лица.