Младинците на Работнички се освојувачи на трофејот во македонското кошаркарско првенство за играчи под 16 години, откако во финалето славеа над Феникс 2010 со 92:85.

Во првото полувреме и двете екипи не успеаја да дојдат до осетна предност, но Работнички додаде „гас“ во второто полувреме и на крајот сосема заслужено дојде до победата. За најкорисен играч на финалето беше прогласен кошаркарот на Работнички, Андреј Шошкиќ.

Натпреварот за трето место му припадна на составот на Вардар, кој го доби дуелот против МЗТ Скопје со 109:91.

ФОТО: „Фејсбук“