Трка со планински велосипеди на Водно

75

Сите љубители на велосипедизмот, рекреативци и спортисти, втора година по ред ќе можат да се натпреваруваат во најбрзо искачување на пионерската велосипедска патека на планината Водно.

Натпреварот ќе се одржи в недела, а ќе стартува во 10 часот од полициска станица Водно.

Како што информираат организаторите „Прв до врв“, натпреварувачите ќе стартуваат на 20 секунди. Патеката е во должина од 3.140 метри.

На натпреварот се поканети да учествуваат сите од 7 до 77 години. Учеството е бесплатно. За најбрзите во машка и женска конкуренција ќе има награди, вредносни ваучери за велосипедска и спортска опрема. За првото место ваучерот ќе биде во вредност од 5.000 денари, за второ место 3.000 денари и за трето место 2.000 денари.

 

С