Тимот на словенечкиот YouTube канал Atmosferci ја организираше најинтересната автомобилска трка на годината во овие простори.

“Atmosferci” одлучија да утврдат кој е најбрз автомобил од легендарните модели кои доминираа на патиштата на поранешна Југославија пред 20 години или повеќе.

Така, на стартната линија на пистата во трката за забрзување на 402 метри се најдоа: Zastava Yugo 55, Fiat 126 BIS, Renault 4 TL, Zastava 101, Volkswagen 1200 J Beetle и Zastava 750 LE.

Шест легенди кои заедно имаат сила како еден денешен, модерен, помоќен спортски автомобил. Кој е најбрзиот автомобил на југословенските патишта? На Јуриш!