ТРКА ЗА КАРПОШ: Јакимовски во вториот круг против Весковски од СДСМ

1925

Кандидатот на СДСМ, Душко Весковски, актуелен директор на скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“ и поранешен организациски секретар на владејачката партија, води во скопската општина Карпош според првичните информации од СДСМ.

Кандидатот на ГРОМ и поранешен градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски пак води пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Зафировски.

Според првичните информации од СДСМ, Весковски досега има 2100 гласа, Јакимовски 1.500 и 1.350 гласа има на контото на Зафировски.