Три хороскопски знаци кои,можеби, се контролираат за други работи, ама не можат без секс

225

Според астролозите, Близнаците, Шкорпијата и Стрелецот се знаците од хороскопот на кои им е тешко да се воздржат од секс, и токму тие најверојатно веднаш ќе изгубат во предизвик со апстиненција.

Тоа не се однесува само на апстиненција од полови односи, туку и на какви било сексуални активности, дури и обично бакнување.

Ваквите предизвици би биле погодни за Бикот, кој е познат по своето трпение, бидејќи тој пред се ги цени духовните и емоционалните врски, ама и за Јарецот кој има дисциплина и самоконтрола. Близнаците, Шкорпијата и Стрелецот се склони да играат по сопствени правила и поради тоа многу лесно запаѓаат во неволји. Значи, овие знаци први би му подлегнале на искушението и би се откажале од „предизвикот на целибат“.

Близнаци
Близнаците имаат многу страни и никогаш не знаете што ве чека со нив. Многу се паметни и љубопитни, а кога станува збор за сексот, Близнаците сакаат флерт, „валкани разговори“, и играње улоги. Штом бидат ‘стимулирани’, можат лесно да изгубат чувство на самоконтрола.

Шкорпија
Од сите хороскопски знаци, Шкорпијата би изгубила прва на „предизвик на целибат“. Со Шкорпијата владее Плутон кој се занимава со сексот, опсесивноста и сите „табу“ теми. Значи ако ѝ кажете на Шкорпија дека нешто е забрането, таа само ќе го посакува повеќе. Шкорпијата е, исто така, изразено сексуален знак кој е воедно и вистински заводник. Штом ви пријде еднаш овој „секси“, интензивен и таинствен знак, тешко ќе му одолеете.

Стрелец
Стрелците се познати по тоа што се страствени, спонтани и забавни. Многу се независни и склони се да играат по сопствени правила. Токму поради тоа што Стрелецот секогаш се придржува до природниот тек на нештата, токму затоа би изгубил во ваков предизвик. Имено, тие сакаат да живеат во моментот. Значи, ако се поврзат навистина со некој што го сметаат за привлечен и чувствуваат потреба да ги бакнат, тие нема да размислат два пати за тоа.