Се случија неколку изненадувања на стартот во квалификациите за Светското првенство во кошарка. До сензационална победа дојде Белорусија над Турција (84:70), а неочекуван триумф запиша и Естонија на гости кај Гермнија (66:69), како и Велика Британија пред своите гледачи над Грција (78:69).

Од друга страна, сосема очекувано Србите дома победија со 101:100 против Летонија, додека Израел славеше над Полска (69:61), Белгија над Словачка (57:83), Шведска против Финска (72:62) и Словенија над Хрватска (74:76).