Три понуди за Лаутаро

240

Италијанските медиуми открија дека три клуба се сериозно заинтересирани за услугите на аргентинскиот интернационалец од редовите на калчо гигантот Интер, Лаутаро Мартинез.

Младиот напаѓач има ослободителна клаузула во неговиот договор која може да се активира со официјална понуда не помала од 110 мил. евра. Како што пренесуваат италијанските медиуми челниците на шпанските гиганти Реал (М) и Барселона, како и на лондонскиот премиерлигаш Челзи, покажале подготвеност за активирање на ослободителната клаузула.