Три понуди за завршниот турнир во ЛШ

78

Финалниот дуел од годинашното издание на најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони, најверојатно нема да се одигра во Истанбул, пренесува германскиот весник „Билд“. Европската куќа на фудбалот (УЕФА) на 17. јуни ќе донесе конечна одлука околу тоа како ќе биде комплетирана завршната фаза од ЛШ, но се погласни се шпекулациите дека ќе биде организиран мини-турнир за четвртфиналната и полуфиналната рунда.

Според истиот медиум, Германија веќе се пријавила за да биде домаќин на ваквиот турнир, додека во следните неколку дена истото ќе го направат и Португалија и Русија.

УЕФА сака земјата домаќин да избере четир стадиони во радиус од 100 км. Германија планира да ги пријави стадионите Ајнтрахт, Мајнц, Хофенхајм и Дармштат.

Лигата на шампионите беше прекината поради пандемијата на коронавирус, но четри тима, Аталанта, РБ Лајоциг, ПСЖ и Атлетико (М) веќе обезбедија пласман во 1/4 финалната рунда. Продолжението на актуелната сезона е предвидено за август, но се уште нема конкретен датум за старт на преостанатите четри реванш натпревари од 1/8 финалната рунда.