Три понуди за Ел Шарави

61

Италијанскиот калчолигаш Рома на крајот од актуелната сезона ќе стави крај на соработката со искусниот напаѓач, Стефан Ел Шарави. Повремениот репрезентативец на Италија има договор со римската „волчица“ до крајот на актуелната сезона, а според последните информации кои пристигнуваат од Италија, интерес за неговите услуги покажуваат раководните лица на Милан, Интер и на Монца.