Три играчи за Погба

137

Актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, не се откажува од намерата да ги осигура услугите на францускиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Пол Погба.

Раководните лица на „старата дама“ останаа во шок откако слушнаа дека Јунајтед посакува понуда од 180 мил. евра за услугите на Погба. Поради големата парична сума, Јувентус е подготвен да понуди дури три играчи во замена за Французинот. Неофицијално, сигурно ќе биде понуден Пауло Дибала, а во игра е и Сами Кедира.