Три дена изолација за патниците што доаѓаат во Хонг Конг

36

Хонг Конг на три дена го скратува времетраењето на мерката за задолжителна хотелска изолација на патниците кои пристигнале од странство, за да спречи поголемо ширење на коронавирусот, изјави денеска Џон Ли, претставник на локалните власти.

Ли појасни дека како и во останатите градови на сила е мерката за самоизолација на сите патници што доаѓаат однадвор.

Според него, патниците мора да одат во карантин во одредени сместувачки објекти на три дена, а во текот на наредните четири дена нивното движење е ограничено и под медицински надзор.

Во текот на неделата во карантин и под надзор, патниците исто така ќе мора редовно да се тестираат за вирусот, а оние кои се заразени мора да останат во изолација.

Оние кои се негативни може да користат јавен превоз и да влезат во трговски центри и пазари, но не можат да влезат во барови и забавни паркови или да посетуваат старечки домови, училишта и одредени медицински установи.

Промената на мерките за борба против коронавирусот доаѓа во време на пораст на нови инфекции, за кои градските здравствени власти сметаат дека наредните седмици би можел да достигне и до осум илјади случаи