Триесетина реномирани уметници од 15 држави на симпозиум во Струга

105

Од денеска до 1 јули во Струга по трет пат ќе се организира Меѓународен ликовен симпозиум „Струга 2019″, на кој ќе учествуваат 30-тина реномирани уметници од 15 држави. Овој меѓународен настан го организира Здружението за уметност и култура SILINDART со финансиска поддршка на Министерството за култура и Општина Струга.

Куратор на симпозиумот е уметникот Верим Зендели заедно со координаторите: Теута Хоџа Имери, Кристина Затуровска, Берат Зулбехари, Дренуета Бериша.

-Овој настан се смета за една од најважните активности во областа на визуелните уметности на градот Струга, и дава голем придонес за развојот на туризмот преку овој културен настан со меѓународен карактер. Голем број светски уметници ќе пристигнат во Струга, каде ќе можат ретките убавини на градот да ги преточат на платно создавајќи уметнички дела, велат организаторите.

На манифестацијата ќе учествуваат уметници од Франција, Индија, Романија, Украина, Хрватска, Литванија, Србија, Велика Британија, Полска, БиХ, Египет, Турција, Косово, Албанија и Северна Македонија.

Досега, Здружението за култура и уметност СИЛИНДАРТ има организирано повеќе значајни меѓународни настани во Гостивар, Тетово, Струга и Скопје, а оотаму најавуваат дека ликовниот симпозиум годинава ќе биде поинаков, бидејќи се планира одржување и тркалезна маса на која ќе се дискутира за состојбата на ликовната уметност воопшто, за предностите и недостатоците на ликовните симпозиуми и колонии, а ќе бидат усвоени конкретни заклучоци и препораки.

Здружението за култура и уметност СИЛИНДАРТ во соработка со ЕНГРАВИСТ од Истанбул, на 29 јуни во текот на ликовниот симпозиум во Културен Центар „Браќа Миладиновци” во Струга ќе организира Меѓународна Графичка Изложбасо наслов „Културно Наследство” од колекцијата на Енгравист со куратор Проф. Лутфу Капланоглу.

Во рамки на Меѓународниот ликовен симпозиум во Струга, на 30 јуни, ќе биде отворена изложба со делата реализирани во текот на ликовниот симпозиум