Постојат „бесмислено предолги филмови“, а сигурно еден од филмовите за кој ќе се зборува во иднина е шведскиот филм “Ambiancé”, на уметникот Андрес Вебрег, а ќе трае вкупно 720 часа, или 30 дена.

Самиот трејлер на филмот трае 7 часа и 20 минути, што сам по себе, може да биде филм, иако тешко е и ова да се нарече филм.

„Мислам дека е најдобар начин кога делото го гледате вака, да не се занимавате дали сте „го сфатиле“ или ви недостасува нешто. Делото е она што е, и ако на некој начин ве допре, одлично, ако тоа не успее, тоа не значи дека вие и филмскиот продуцент сте помалку вредни себе да се наречете уметници, вели режисерот на филмот.

Филмот на Андерс треба да излезе на 31 декември следназта година и воедно ќе биде последно дело на овој режисер, со кој ќе ја заврши кариерата од 300 филмови.

Триесет дена долгиот филм ќе биде прикажан во целост во исто време, синхронизирано на сите континенти на светот, по што ќе биде уништен.