Македонската женска репрезентација за кошаркарки до 18 години претрпеа пораз и од селекцијата на Грција (38:48) на Европското првенство Б дивизија кое се игра во Скопје.

Кошаркарките на нашиот јужен сосед на полувреме водеа со 25:22, но успеаја да дојдат до посакуваната предност во завршницата и на крајот победија со 48:38, нанесувајќи и го третиот пораз на македонската репрезентација.

Најефикасна кај „црвено – жолтите“ беше Селчова со 16 поени, додека Поп – Димитровска запиша седум коша. На спротивната страна Кримили реализираше 18 поени.

ФОТО: Петр Стојановски