Трета најголема добивка на сите времиња:Британец освои 171 милиони фунти на националната лотарија

112

Сопстевеникот на лото ливче кој му обезбеди џекпот од 171 милиони фунти со извлекување на лотаријата „Јуромилионс“ во Британија се јави да ја преземе наградата.

Износот освоен на лотарија поголем од 179 милиони фунти го прави среќниот добитник трет најголем добитник на Националната лотарија на сите времиња  и во моментот е побогат од пејачот Хари Стајлс, кој вреди околу 100 милиони фунти, или на пример Адел, чија вредност е проценета на 150 милиони фунти, пренесува Гардијан.

„Воодушевени сме што добивме барање за третата најголема победа во историјата и се радуваме што ќе го поддржиме сопсвеникот на лозот и ќе му помогнемеда ужива во својата награда која навистина го менува животот“, изјави Енди Картер од Камелот, виш советник на победниците во Националната лотарија, пренесе британски метро.

Откако лозот ќе се потврди и износот на парите ќе биде исплатен, добитникот ќе одлучи дали ќе излезе во јавноста или не.

Ова е шести „Јуромилинс“ џекпот освоен во Велика Британија оваа година.

Најголемата добивка  изнесуваше 185 милиони фунти на 19 јули, а сумата беше побарана ден по извлекувањето. Победникот одлучи да остане анонимен.

На 10 мај, двојка од Глостершир Џо и Џес Твејт освоија 184 милиони фунти.

Останатите победи вклучуваат 110 милиони фунти на 2 септември;џекпот од 109 милиони фунти на 4.февруари и 54 милион ифунти на 10 јуни. Сите овие сопсвеници одлучија да бидат анонимни.

Извлеквувањето на „Јуромилионс“ се одржув два пати неделно, во вторник и во петок и се игра во девет европски земји. Досега 15 британски играчи имаат освоено џекпот од 100 милиони фунти.