Трета акција за дезинфекција на зградите со повеќе од осум домаќинства

57

Комуналните служби на Општина Карпош ја започнаа третата акција за дезинфекција на зградите со повеќе од осум домаќинства.

Од Општината информираат дека се дезинфицираат влезните врати и делови од згради на влезовите, гелендерот, сандачињата и лифтовите.

Дезинфекцијата се врши со посебно средство наменето за чистење на јавни површини.

-Не е возможно хигиеничарите да бидат забележани од сите граѓани, но акцијата се спроведува етапно во сите населби-истакнуваат од локалната самоуправа.

Општинските власти ги повикуваат заедниците на сопственици, куќни совети, да продолжат и со секојдневното, тековно одржување на хигиена во влезот и додаваат дека дезинфекцијата која се врши преку локалната самоуправа е само дополнителна поддршка за спречување на ширење на коронавирусот.