Третата доза од вакцината во Грција ќе се прима по три месеци

67

Комисијата за вакцинација од Министерството за здравство на Грција донесе одлука третата доза од вакцината против Ковид-19 за сите над 18 години да се прими по три, наместо по шест месеци како што беше досега, јави дописничката на МИА од Атина.Генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус соопштувајќи ја одлуката рече дека била базирана на ставот дека треба да постои што е можно поголема заштита, а целта е до јануари да се вакцинираат што е можно повеќе граѓани.Во однос на оние кои прележале Ковид-19, исто така се намалува периодот за вакцинација, од шест на три месеци по заболувањето.Платформата за закажување термин за трета доза од денеска ќе почне постепено да се отвора за сите граѓани над 18 години доколку се поминати три месеци од втората доза.Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во вторникот соопшти дека ќе побара од комисијата за вакцинација да ја разгледа можноста периодот меѓу втората и третата доза да се скрати на четири месеци.