Познатата германска џудистка Мартина Трајдос застана во одбрана на својот тренер, кој беше мета на критики во јавноста затоа што и удри неколку шлаканици пред почетокот на натпреварот во Токио.

Социјалните мрежи беа преплавени со видеото на кое тренерот Клаудио Пуса ја фаќа Германеката за реверите и ја тресе, а потоа и удира шлаканици. После тоа, Мартина замина на борилиштето, каде загуби од Софи Обабас.

  • Би сакала насловите да бидат напишани за мене од друга причина. Не грижете се. Ова е ритуал, кој го практикуваме пред борбата. Мојот тренер го прави она што го замолив да го направи за да ме налути, истакна Мартина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Martyna Trajdos (@martyna_trajdos)