НФЛ лигата повторно се најде во центарот на голем скандал откако истрагата за вториот случај откри навредливи пораки што поранешниот тренер на Лас Вегас Рајдерс, Јон Груден ги разменувал со тогашниот претседател на фудбалскиот тим Вашингтон, Брус Ален.

Даниел Снајдер, сопственикот на Вашингтон, франшиза порано позната како Вашингтон Редскинс, летоска беше на суд откако беше откриено дека луѓето во неговиот тим организирале тајно снимање, а потоа споделиле фотографии од навивачки од нивните соблекувални, за што Вашингтон е казнет со десет милиони долари. На тоа судење, имало 650.000 мејлови во доказите, вклучително и инкриминирачки пораки за Груден и Ален.

Во пораките од 2011 до 2018 година, Груден, кој тогаш работеше како ТВ коментатор, расистички го навредувал темнокожиот шеф на здружението на фудбалери, Демарис Смит. Груден исто така ги навредувал членовите на ЛГБТ заедницата, играчите кои признаа дека се хомосексуалци и играчите кои клекнуваа за време на химната нарекувајќи ги пи*ки.

Откако „Њујорк тајмс“ ја објави содржината на тие пораки пред неколку дена, Џон Груден поднесе оставка од тренерската функција, а Лас Вегас Рајдерс го осуди таквото однесување на човек на кого му беше доделен десетгодишен договор од 100 милиони долари во 2018 година.