Тренерското столче за Покетино

108
Поголемиот дел од шпанските медиуми, особено тие кои важат за поблиски до Реал (М), ја пласираа и информацијата дека актуелниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Маурицио Покетино, ќе биде следниот тренер на „кралскиот клуб“.
Истите медиуми тврдат дека Зинедин Зидан сигурно ќе си замине од „Сантијаго Бернабеу“ до крајот на актуелната сезона и дека клупските челници веќе имаат вербален договор со Покетино.