Контроверзниот сопственик на новиот шампион на Италија, тимот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, веќе ја започнал потрагата по наследникот на Лучијано Спалети, открија фудбалските медиуми на Апенинскиот полуостров. Истите медиуми додаваат дека најголема желба на АДЛ е трофејниот шпански стручњак, Луис Енрике кој во минатото беше тренер на Рома и кој сака да се врати во Серија А.