Тренерското столче за Гасперини

97

Предводникот на најголемото изненадување во италијанската Серија А, тимот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, најверојатно во новата клупска сезона ќе биде предводник на Рома.

Искусниот стручњак во изминатите неколку дена имал состанок со челниците на римската „волчица“ на кој била договорена 3-годишна соработка. Доколку се дефинираат и последните детали, Џанпјеро Гасперини во следните три сезони ќе има годишна плата од 3 мил. евра.