Екипата на Чикаго го промовираше Били Донован на тренерската функција. Во согласност со клупската политика, условите на договорот не беа обелоденети. Педесет и петгодишниот Американец соработуваше со Оклахома во последните пет години. По сезоната 2019/20 беше одлучено да не се продолжи договорот со него, па кошаркарскиот стручњак остана без клуб.

Во регуларниот дел од сезоната 2019/20, Булси предводени од Џим Бојлен, завршија на 11. место во Источната конференција и не влегоа во плејофот.