Тренерот на Борац од Чачак, Дејан Мијатовиќ, стравува од добра партија на својот поранешен пулен, Војдан Стојановски, пред денешниот меч против МЗТ Скопје, во СЦ „Јане Сандански“ (16 часот).

  • Во текот на кариерата, Стојановски игра на високо ниво. Се знаеме од Олденбург, каде што ги тренирав помладите селекции, а тој беше во првиот тим. Имаат и двајца Американци, одлични се офанзивно, па мораме да бидеме на високо ниво во одбраната – истакна Мијатовиќ.

Се очекува оваа сезона двата тима да водат грчевита битка за опстанок во АБА.

  • За нас – исклучително важна игра во серија натпревари со директните конкуренти. Сите се во ист дел од табелата како Борац. Со доведувањето на Александар Бурсаќ, МЗТ направи промена во играта. Имаа одлична партија во Железник, ја победија Мега и одиграа добро против Игокеа – додаде Мијатовиќ за клупскиот сајт.