Во издание на „Полица“ излезе од печат дебитантскиот роман „Трезност и лудост“ од младиот македонски писател Жан Илиески, кој живее во Берлин.

„Трезност и лудост“ – новиот роман на Жан Илиески во издание на „Полица“
Скопје, 1 февруари 2023 (МИА) – Во издание на „Полица“ излезе од печат дебитантскиот роман „Трезност и лудост“ од младиот македонски писател Жан Илиески, кој живее во Берлин.

-Оваа раскошна приказна раскажана во реалистичен стил е сместена во Сиена, Италија, во текот на еден месец во летните денови на 1976 година. За време на Палиото – средновековна трка на коњи без правила, во градот доаѓа неколкугенерациското семејство на С., човек во осмата деценија од животот, авантурист со спортски дух, но во исто време и сентиментална душа склона кон осаменост и контемплација.
Додека тој му раскажува на својот внук, дваесетгодишниот Емилио, за најважните случки од неговиот живот, пред нас се распостила целото неговото знаење за модерната уметност и за италијанското традиционално Палио, соопштија од „Полица“.

Оттаму посочуваат дека животната приказна на авторот испреплетена со неговите размислувања го прави „Трезност и лудост“ вистински „Künstlerroman“ – роман за созревањето на еден уметник.