Треба да ја подобриме играта

30

Играчот за врска на Франција, Пол Погба по синоќешниот меч со Португалија (2:2) и пласман во плејофот на ЕВРО 2020, рече дека мора да се подобри играта.

  • Среќни сме што го освоивме првото место во групата. Успеавме, иако не беше лесно. Знаеме дека треба и мораме да ја подобриме играта, истакна Погба.

Франција во осминафиналето ќе игра со Швајцарија.

Во групната фаза, Французите ја победија Германија, а одиграа нерешено со Унгарија и Португалија.