Трговците од утре сами ќе ги формираат цените на горивата

149

Возачите уште денеска ќе возат по стара цена на горивата, а од утре трговците сами ќе  утврдуваат колку ќе  чини  литар.  За цените граѓаните ќе можат да  дознаат само на бензиските станици.  Минатата недела престана да важи старата методологија за пресметка, а новата не се донесе, па поради тоа  наместо регулаторна, трговците со деривати имаат  обврска да ја утврдат цената на горивата. Од РКЕ се надеваат дека тие ќе бидат корекни и нема да предвизкаат ценовни шокови.

Трговците  ќе имаат простор само една недела по свои цени да ги продаваат бензисните и дизелот. Регулаторна очекува до 20 мај да биде донесена новата методологија.  Со новата регулатива се предвидува во цената на горивата да се пресметаат трошоците за набавка складирање и транспорт на дериватите до бензиските. Но повеќе нема да  ја има профитната маргина од 29 долари  по тон што државата и ја плаќање на ОКТА иако не произвеудваше.

Со новата методологија регулаторната комисија наместо на две недели новата цена на горивата ќе ја утрвдува на седум дена.