„Тргнете се од мојот тревник“- Сопственик на имот го избрка австралискиот премиер од прес-конференција/ВИДЕО

647
Фото: Screenshot, YouTube/RTE News

Австралискиот премиер Скот Морисон мораше да се помести од новозасадениот тревник, откако сопственикот на куќата каде што стоеше му свика за време на прес-конференција.

Морисон го посети Гугонг, предградие на Канбера, за да објави поддршка од Владата за реконструкција на куќи и станбени згради во износ од 25.000 австралиски долари, како дел од пакетот економска помош поради Ковид-19, пред локалните избори следниот месец.

– Десет илјади Австралијци  – рече Морисон и не ја доврши реченицата откако беше прекината прес-конференцијата која се пренесуваше во живо.

Сопственикот на домот ги повика сите да се тргнат од тревата.

– Ајде, ве молам. Луѓе, само што засадив таму – рече сопственикот и додаде: „Прости, пријателе!

Морисон одговори дека се е во ред и се повлече неколку чекори назад.

– Секако, ќе се вратиме од таму – рече тој.

Австралија има многу помалку случаи на заразени со коронавирус од повеќето други земји, но нејзината економија се соочува со својата прва рецесија во последните 30 години и покрај  владината поддршка од неколку милијарди долари.