Трансфер на Дудуш од СДСМ во ДОМ-ЛДП за локалните избори 2021

67

Објавените кандидатски листи од ДИК потврдија дека уште еден актуелен градоначалник од редовите на СДСМ, Курто Дудуш, ја менува партиската поддршка  за претстојните локалните избори и ќе се бори за нов мандат како кандидат на движењето „Одлучно за промени“ во општина Шуто Оризари.

Со ова се потврдија информациите дека Дудуш, откако СДСМ за свој кандидат во Шуто Оризари го избра Ферат Асан, се приклучи на листата на градоначалнички кандидати на коалицијата ДОМ-ЛДП, партии кои го формираа движењето „Одлучно за промени“ за овие локални избори.

Да потсетиме дека на партискиот конкурс за кандидати за градоначалници на СДСМ претходно во игра беше актуелната претседателка на општинскиот Совет на Шуто Оризари, Фатима Османовска, партнерка на Курто Дудуш. Но, партијата сепак се одлучи за Асан, кој беше и кандидат на СДСМ за пратеник на последните парламентарни избори.