Трансродовата балканска пејачка Електра е кралица на тротоарите

231

Електра Елит е позната поп-фолк пејачка. Порано беше маж, а потоа, откако стана згодна женска, швајцарските медиуми ја прогласија за најпозната, најбарана проститутка. Весникот „20 минути“ во Швајцарија дури посвети насловна страница со подолг текст за популарноста на оваа трансродова естрадна ѕвезда од овие наши, балкански простори. Таа не крие дека е тоа, дури и гордо реагира.

– Неверојатно е колку сум популарна, омилена и сакана од публиката, моите обожаватели. Од сите страни ми доаѓаат повици за настапи. Знам дека луѓето се заинтересирани за мојот живот, но не верував дека ќе раскажувам за таквата сензација. И вака сум доволно искрена – вели згодната и цицлеста Електра.

Споменатиот весник стапил во контакт со неа и направил приказна. Најголемо внимание привлекло тоа што, покрај пеењето, таа професионално и легално се занимава и со проституција.

Како што се наведува во весникот, покрај тоа што заработува илјадници евра неделно, Електра Елит е прогласена и за најгласен борец за правата на ранливите малцинства. Таа им ги исполнува желбите на клиентите од најразлични професии. Сè останува строга деловна тајна и никој не знае и не смее да знае кои богати политичари, амбасадори, банкари, спортисти, актери, новинари, бизнисмени, адвокати, пејачи, доктори, научници… се нејзини клиенти. Таквите имаат скокотлив прекар за неа, ја викаат Кралица на тротоарите.