Трамп ја нападна Кина: Вие ја пуштивте оваа чума!

49

Во своето видео обраќање на Генералното собрание на Обединетите нации, американскиот претседател Доналд Трамп ја нападна Кина за начинот на кој се справила со епидемијата на коронавирус и за заштита на животната средина.

„Ние мора да ја сметаме одговорна земјата што ја пушти оваа чума во светот – Кина“, рече тој. „Во раните денови на ширење на вирусот, Кина го запре домашниот сообраќај, но дозволи летови да доаѓаат од Кина и да ја шират инфекцијата низ целиот свет“, рече американскиот претседател.

Тој ги обвини Пекинг и Светската здравствена организација за лажни информации за тоа како се пренесува „кинескиот вирус“.