Трамп со ново обраќање: Ве молам без насилства

25

Во своето најново обраќање до нацијата преку Фокс њуз, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека тој не стои зад нападот врз Конгресот минатата недела и ги повика Американците да ги смират страстите, во време кога Претставничкиот дом расправа за негово отповикување.

– Во светло на извештаите за нови демонстрации, ве молам, не вршете никакво насилство, какво било кршење на законот или вандализам од каков било вид.Тоа е нешто за што никогаш не сум се залагал, ниту Америка. Ги повикувам сите Американци да помогнат во смирување на страстите и тензиите. Ви благодарам, рече Трамп, пренесува „Индипендент“.

Тој исто така ги повика „големите технолошки компании“ како Фејсбук и Твитер да помогнат во „мирната транзиција на власта“ следната недела.

Извор:МИА