Трамп сака да го купи Гренланд

139

Претседателот Доналд Трамп сака да го купи Гренланд. Американските медиуми јавуваат дека Трамп изразил желба да го купи островот во Северниот Леден Океан, кој е автономна територија во рамките на Кралството Данска, и ги замолил неговите помошници да ја истражат таа можност.

Тој за ова дури побарал став од советник во Белата куќа, но, како што забележува весникот „Волстрит журнал“, „неговите истражувања биле со различен степен на сериозност“.

Во 1946, американскиот претседател Хари Труман се обидел да го откупи Гренланд од Данска за 100 милиони долари, но предлогот бил отфрлен. Американската војска има голема воздушна база на северозападниот дел на Гренланд.

Трамп следниот месец ќе ја има првата официјална посета на Данска, но посетата на Гренланд не е во агендата. Од Данската амбасада во Вашингтон не одговориле на барањата за коментар на весникот „Гардијан“.