Трамп: Постигнат договор за привремено деблокирање на Владата

47

Американскиот претседатал Доналд Трамп во обраќање пред своите соработници и новинарите денеска во Белата куќа објави дека демократите и републиканците се договориле за привремено деблокирање на Владата, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Според Трамп, договорот содржи услови Владата да се деблокира привремено, но ако за три недели не се донесе буџет за изградба на ѕид на границата со Мексико, има голема веројатност повторно воведување на блокадата.

Во своето обраќање, на кое присуствуваа потретседателот Мајк Пенс, советникот Џаред Кушнер и државиот секретар Мајк Помпео, Трамп укажа дека во игра се разни сценарија ако не се одобрат средства за ѕидот.

– Можно е воведување и вонредна состојба, рече Трамп.

Според „Си-Ен-Ен“, една од причините зошто претседателот подлегнал на барањата на демократите да се деблокира Владата за да продолжат преговорите за побезбедна јужна граница е опасност од терористички напади во големите американски аеродоми.

На повеќе аеродроми, како Ла Гвардија, Филаделфија и Балтимор, вчера и денеска се случија прекини во протокот на патничкиот сообраќај поради недостиг на вработени од државната Служба за безбедност во транспортот (ТСА) кои не примаат плата повеќе од еден месец.