Дома СВЕТ Трамп: Иран го блокираше интернетот за да не се чуе што зборувам

Трамп: Иран го блокираше интернетот за да не се чуе што зборувам

57

Трамп на Твитер напиша дека иранската Влада сака „нулта транспарентност” и оти верува дека со исклучувањето на Интернетот ќе го спречи остатокот од светот да дознае за „смртните случаи и трагедиите предизвикани од иранскиот режим”.

Пристапот до Интернет во Иран е блокиран уште од саботата, поради насилството што избувна на протестите поради зголемувањето на цената на бензинот за 50 проценти.