Американскиот претседател Доналд Трамп со четворица припадници на неговата администрација задолжени за справувањето со коронавирусот, одржа брифинг од кој си заминаа големите медиумски куќи CNN, MSNBC, ABC News, NBC News и CBS News. Причината за тоа е што Трамп се изјасни дека не е добро продолжувањето на наредбата луѓето да останат дома, велејќи дека тоа и наштетува на економијата.

Медиумските куќи кои го напуштија брифингот сметаат дека повеќе нема смисла да се пренесуваат изјавите на Трамп бидејќи „се нерелевантни за јавното здравје“ и бидејќи „тоа може да ги чини луѓето живот“.

Претходно и станицата KUOW од Сиетл соопшти дека нема да ги емитува брифинзите на Трамп затоа што „содржат лажни информации или информации кои можат да доведат до заблуда“.

За време на брифинзите експертите на Трамп му дозволија тој да дава неточни изјави за одговорот на администрацијата на заразата, а тој ги сосече предупредувањата на овие професионалци дека Американците мора да останат дома за да се спречи ширењето на вирусот.

Трамп рече дека мора да се скуси периодот на изолација иако неговиот главен експерт за заразата, д-р Ентони Фаучи претходно во интервју рече дека мерките за социјално дистанцирање треба да траат неколку недели.

Исклучок од бојкотот е телевизијата Фокс.

Извор: Бизнис инсајдер